Телефон: +389 71 444 426

ул. Тодор Александров бр.119, дел.пр. 2, Скопје 1000

Работно време

Пон - Пет: 8:00 - 16:00

NOVAPARK SMART PARKING

ПОНУДА НА МОДУЛИ

РАМПИ & ПУНКТОВИ

Новапарк има изработено сопствено решение за контрола на пристап на паркинзи кое вклучува: рампа, екран, термален принтер за паркинг билети, камери за отчитување на регистарски таблици и баркод читач за RFID картички, баркодови на печатени билети или електронски изгенерирани преку Новапарк мобилната апликација.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЦИ

Системот се користи за автоматизирање на контролата на пристап на возила до паркингот како и за автоматска наплата на паркинг билети. Со овој модул можете да спречите влез на неовластено возило или пак да овозможите автоматско отворање на рампата при влез и излез од паркингот.

МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

Мобилната апликација дава приказ на паркинзи во ваша близина, податоци за наплата за паркинг услугите (печатен билет, електронски, СМС), приказ на слободни паркинг места, резервација на паркинг место доколку паркингот е управуван од Новапарк и GPS известување за последната паркинг локацијата на возилото.

Е-ПАРИЧНИК

Електронскиот паричник овозможува онлајн плаќање на паркинг услугите преку мобилен телефон. Електронскиот паричник работи со кредити, односно 1 кредит = 1 денар. Новапарк не добива платежни податоци за корисниците на услугите. Купувањето на кредити е преку е-комерц услугата на Стопанска Банка АД Скопје.

ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО SMART PARKING?

Придобивки од инсталација на Новапарк

Интеграција и автоматизација на плаќање

Новапарк вклучува методи на електронско плаќање преку мобилна апликација или автоматизација преку системи за препознавање на таблици и го олеснува процесот на паркирање. Зголеменот задоволство на возачите за возврат ја зголемува побарувачката за паркингот, односно приходите од истиот.

Намалени директни и индиректни трошоци

Технологијата која ја нуди Новапарк може да ги намали директните трошоци за вработување на персонал преку автоматизирање на процесите (пр. обезбедување, касиери). Новапарк исто така го максимизира користењето на паркингот затоа што кога возачите точно знаат каде треба да паркираат се намалува и непотребното возење во рамките на паркинг просторот.

Зголемена безбедност

Намаленото пребарување на слободно паркинг место ги намалува сообраќајните несреќи. Исто така, системот за препознавање на таблици дава точен и прецизен преглед на сите возила кои влегле или излегле од паркинг просторот.

0
Часа достапност
0
модули за персонализирање
0
бизнис партнери
0
корисници на мобилна апликација

Интегрираното решение Новапарк е развиено со финансиска помош од страна на Фонд за иновации и технолошки развој

Интелектуалните права се во сопственост на Макаларм ДООЕЛ Скопје

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НОВАПАРК

Креирајте корисничка сметка и плаќајте онлајн за паркинг услугите